25.01.1981
Роден во Прилеп
1992
Учество на “Златно славејче” со песната “Јас и мојот дедо”
1997
Учество на “Мелфест” во Прилеп со песната “Yesterday”
1997
Учество на “Макфест” со композицијата “Пушти ме”
1998
Учество на “Охридски трубадури” со песната “Усни на усни”
1998
Учество на “Еврофест” со композицијата “Сонце во твоите руси коси” при што ја добива наградата “Гран при”
1999
Прв концерт на Лизгалиште на Скопје
2000
Учество на на “Скопје фест” (на кој се избира македонскиот претставник на “Евровизија”) со песната “Солзи прват златен прстен”
2000
Освојува второ место на фестивалот “Сунчане скале” во Херцег Нови, Црна Гора со композицијата “Тајно моја”
2003
Победува на фестивалот “Беовизија” со песната “Чија си”
2003
Именуван е за регионален амбасадор на добрата волја
2004
Именуван за национален амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ, како најмлад носител на оваа титула во светот
29.06. 2004
Прв концерт за Градски стадион на кој се присутни повеќе од 16 илјади фанови
23.06. 2006
Втор концерт на Градски стадион во Скопје
05.10. 2007
Трет концерт на Градски стадион во Скопје на кој се присутни повеќе од 20 000 посетители

16.10. 2007
Загинува во трагична сообраќајна несреќа на автопатот Загреб – Липовац, кај местото Нова Градишка во Република Хрватска, на возраст од 26 години