Одбележан роденденот на Тоше

СПОМЕН КУЌАТА НА ТОДОР ПРОЕСКИ

НА 25.01. 2022 г. СО МУЗИЧКО – СЦЕНСКИОТ  НАСТАН

„АНГЕЛ СИ ТИ“

ГО ОДБЕЛЕЖУВА 41от – роденеден  на ТОШЕ

 

10.оо – 16.оо – КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА  во организација на ОО ЦРВЕН КРСТ – КРУШЕВО

10.3о – 11.оо – ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА НА БОЈАН ТОДОРОВСКИ И МУЗИЧКИ НАСТАП НА

                         НИКОЛА  ЗАЦЕСКИ И ГРУПА  „МЕЛЕМ“

       11.оо – 12.оо – ПРОМОЦИЈА НА ЗБИРКА ПАСНИ „1200 МОЛИТВИ ЗА ТОШЕ“,

12.оо – 12.3о – ДОДЕЛУВАЊЕ НА ХУМАНИТАРНИ ВАУЧЕРИ – ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА КРУШЕВО

12.30 – 14.оо – ПОСЕТА НА ВЕЧНОТО ПОЧИВАЛИШТЕ НА ТОШЕ

       14.оо – 16.оо – „ АНГЕЛ СИ ТИ“ – МУЗИЧКО СЦЕНСКИ НАСТАН ВО ИЗВЕДБА НА КАМЕРЕН ОРКЕСТАР НА

БИТОЛА, ПИЈАНО ТРИО – СКОПЈЕ И СОЛИСТИ НА МАКЕДОМНКС ОПЕРА И БАЛЕТ.

ДИРИГЕНТ – ВЛАДИМИР ДИМОВСКИ

БОЈАН ТОДОРОВСКИ Е МЛАД ПОЕТ И ФАН НА ТОШЕ ОД БИТОЛА. СО ПРОМОЦИЈА И ПРОДАЖБА НА  НЕГОВАТА КНИГА „ДУША ВО ОГЛЕДАЛО“  И ПРЕКУ РАБОТАТА НА НЕГОВОТО ЗДРУЖЕНИЕ ИМ ПОМАГА НА ЛИЦАТА СО ПОТЕШКОТИИ ВО РАЗВОЈОТ.

НИКОАЛ ЗАЦЕСИ  Е ПРОФЕСОР ВО СРЕДНОТО МУЗИЧКО УЧИЛИШТЕ ВО БИТОЛА, ВЉУБЕНИК ВО МАКЕДОНСКТА ИЗВОРНА И НАРОДНА МУЗИКА И ГОЛЕМ ХУМАНИСТ  РОДУМ ОД БИТОЛА.  ВО ПРИДРУЖБА СО НЕГОВИОТ  БЕНД „МЕЛЕМ “  ЌЕ ИЗВЕДАТ ТРИ НУМЕРИ ОД РЕПЕРТОАРОТ НА ТОШЕ

ФАНОВИТЕ НА ТОШЕ ВОДЕНИ ОД МЛАДАТА ПОЕТЕСА МАРИЈАНА МИТРЕВБСКА ВО РЕКОРДНО ВРЕМЕ СОБРАА ПОВЕЌЕ ОД 1200 ТВОРБИ ЗА ТОШЕ И СО ТОШЕ КАКО ИНСПИРАЦИЈА. РЕНОМИРАНИТЕ МАКЕДОНСКИ ПОЕТИ ВЕНКО АНДОНОВСКИ ОДБРАА 1200 МОЛИТВИ ЗА ТОШЕ КОЕ СЕ ИЗДАДЕНИ ВО ЗБИРКА ПЕСНИ. ПРОДАЖБАТА НА ОВА ДЕЛО Е ОД ХУМАНИТАРНА ПРИРОДА. СРЕДСТВАТА ЌЕ БИДАТ НАМЕНЕТИ ЗА МАНАСТИРОТ СВ.ПРЕОБРАЖЕНИЕ – КРУШЕВО. НАСТАНОТ ЌЕ ГО ВОДИ ЕКИПАТА НА КАНАЛ 77.

25 ЈАНУАРИ ОД 2008 ГОДИНА СО ОДЛУКА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА КРУШЕВО Е ПРОГЛАСЕН ЗА ДЕН НА ХУМАНОСТА.

ВО ИМЕ НА ХУМАНОСТА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА КРИШЕО М-Р ТОМЕ ХРИСТОСКИ И ДИРЕКТОРОТ НА НУ СПОМЕН КУЌА НА ТОДОР ПРОЕСКИ – ЛЕФКИЈА ГАЖОСКА ЌЕ ДОДЕЛАТ ХУМАНИТАРНИ ВАУЧЕРИ НА 10 НАШИ СОГРАЃАНИ .

МУЗИЧКО – СЦЕНСКИОТ НАСТАН „АНГЕЛ СИ ТИ“  ЦЕЛОСНО СООДВЕТСВУВА СО ЕПИТЕТОТ КОЈ ТОШЕ ГО ДОБИ УШТЕ ЗА ВРЕМЕ НА СВОЕТО ЗЕМНО МУЗИЦИРАЊЕ. КАМЕРНИОТ ОРКЕСТАР НА БИТОЛА ПОД ДИРИГЕНТСКА ПАЛКА НА ВЛАДИМИР ДИМОСВКИ ЌЕ ГИ ИСПОЛНИ КУЛТНИТЕ И ВЕЌЕ СВЕТСКИ ПРЕПОЗНАТЛИВИ МУЗИЧКИ НУМЕРИ .

ПОЧНУВАМЕ СО ГРОМОВИ НА ДУША  ВО ИНТЕРПРЕТАЦИЈА НА СОЛИСТОТ НА МОБ ОГНЕН ЗДРАВКОВСКИ

СОЛИСТКАТА НА МОБ БИЛЈАНА ТАЛЕСКА ЈОСИФОВ ЌЕ ПРАША ЗОШТО ОТИДЕ

ВЛАТКО ГРУЕВСКИ СОЛИСТ НА МОБ ЌЕ НЕ ОДВЕДЕ ВО СОБА ЗА ТАГА

ПОТОА СЛЕДАТ НАЖАЛЕНА НЕВЕСТА – БИЛЈАНА ТАЛЕСКА ЈОСИФОВ

КУЛТНАТА АРИЈА ЌЕ ЈА ИЗВЕДЕ ПИЈАНО ТРИО (ТАТИЈАНА ПЕТРУШЕВСКА НА ОБОА, МАРЈАН МИЛОШЕВСКИ НА ФАГОТ И ПЕТАР МААКРИЕВСКИ НА ПИЈАНО

ПРОДОЛЖУВАМЕ СО НЕМИР – БИЛЈАНА ТАЛЕСКА ЈОСИФОВ

ТАЈНО МОЈА – ВЛАТКО ГРУЕВСКИ

ЧИЈА СИ – ОГНЕН ЗДРАВКОВСКИ

ПОЛСКО ЦВЕЌЕ – БИЛЈАНА   ТАЛЕСКА ЈОСИФОВ

ПО ТЕБЕ – ВЛАТКО ГРУЕВСКИ

ЌЕ ЗАВРШИМЕ СО АНГЕЛ СИ ТИ ВО ИЗВЕДБА НА БИЛЈАНА ТАЛЕСКА ЈОСИФОВ, ОГНЕН ЗДРАВКОВСКИ И ВЛАТКО ГРУЕВСКИ

СРЕДНОШКОЛЦИТЕ ВО СОУ „НАУМ НАУМОСКИ – БОРЧЕ“ ВОДЕНИ ОД ПРОФЕСОРОТ ПО УМЕТНОСТ ЕМИЛ СОЛЕСКИ ИСПЕЧАТИЈА  41 МАИЧКА СО ЛИКОТ НА ТОШЕ КОРИСТЕЊЈЌИ ЕКО БОИ. СРЕДСТВАТА ОД ПРОДАЖБАТА НА МАИЧКИТЕ ЌЕ ОДИ ИСКЛУЧИТЕЛНО ВО ХУМАНИТАРНИ ЦЕЛИ.

 

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print

Последни новости