Одобрени проекти за 2025

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, достави решение до НУ„Спомен куќа на Тодор Проески“ врз основа на нацрт годишната програма за работа, за одобрени проекти од национален интерес во културата за 2025год од областа на музејската дејност и заштита на нематеријалното културно наследство. Тоа е проектот едукативен Музејски караван „Тоше-За овој свет“ кој се реализира со посета на нашите училишта во Македонија, се со цел да најмладите, учениците да го запознаат уште повеќе ликот и делото на нашиот Тоше Проески.
Од областа на музичката и музичко сценската дејност, се одобрени проектите „Ангел си ти“ во чест за роденденот на Тоше 25 Јануари и „Ѕвездено небо за Тоше“ во чест на неговиот последен концерт на Градски стадион 5 Октомври.
Од областа на инвестициското одржување, осигурување адаптација и набавка на опрема е одобрен проектот -Набавка на монитори и конектори.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print

Последни новости