Тоше во срцето на Хрватска

10 ноември 2024 година Националната установа Спомен куќа на Тодор Проески , го
реализира музејско – музичкиот проект „Тоше во срцето на Хрватска“, со кој првично
се оствари соработка со македонскиот Културно Иинформативен Центар во Загреб, на
најинтересната тема се надеваме за хрватската публика, а тоа е – животот и делото на
Тоше, посебно поврзани со неговата богата продукциска година 2006/ 2007 во Хрватска.
На настанот младите солисти на македонската опера и балет, Билјана Јосифов и Влатко
Груески и двајцата родени крушевчани, во пијано придружба на маестро Андреј Наунов,
испеаја неколку култни хитови, кои Тоше ги отпеа и сними во хрватската продукциска куќа
на продуцентот Мирослав Рус, „Хит Рекордс“ и влезе во срцата на хрватската публика. Представена
беше и облеката поврзана со тој период и оживување на енергијата која Хрватска му ја
подари на Тоше.
Значајно е што овој настан го посети и пред присутните се обрати господинот и пријател на Тоше,
продуцентот Мирослав Рус, сопственик на продукциската куќа Hit Rekords, кој емотивно зборуваше за
најдрагите моменти од снимањето на албумот „Игри без граници“, за кои и двајцата ги
добија највисоките признанија на хрватската публика. На настанот беше присутна многубројна
публика, Тошеви фанови, како и заменик градоначалникот на Нова Градишка – Борислав
Видошиќ, Амбасадорот на РСМ во Хрватска – Н.е. Милаим Фетаи, а посебна чест беше
присуството на отец Пимен и отец Кирко Велински од Македонската Православна Црква. Настанот го посетија и запис направија
новинарите од редакцијата на In Magazin и ТВ НОВА.
Пораката од настанот е дека
„Тоше ќе живее во срцето од секој од нас, се додека неговата музика се слуша“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print

Последни новости