Финансирање на проекти од национален интерес за 2023

Според Договор бр. 31-1942/1 од 02.03. 2023 г. Министерството за култура на РСМ во својата Годишна програма за
финансирање на проекти од национален интерес за 2023 г. ќе ја поддржи реализацијата на четири (4 )проекти со
кои НУ „Спомен куќа на Тодор Проески“ во 2023 г. ќе промовира значајни датуми од животот и музичката кариера
на Тоше, ќе се збогати музејста поставка со тактилни фотографии кои ќе овозможат и на слепите лица да го „видат
Тоше“, но и ќе овозможи подобро функционирање на нашата установа, преку користење на дигитална технолија
за зачувување и презентирање на музејките поставки и набавка на аудио – визуелна опрема.
Поддржани се следниве проекти :
1. Музичко – сценски настан „Ангел си ти “ со кој се одбележува 42риот роденден на Тоше – 100.000,оо мкд
2. Изработка на тактилни фотографии кои ќе ја збогатат музејската поставка со фотографии на кои и слепите
лица ќе можат да го „видат Тоше“ – 50.000,оо мкд
3. Дигитализација на постојни музејски поставки – 50.000,оо мкд
4. Набавка на аудио-визуелна дигитална опрема – 70.000,оо мкд
Мистерството за култура континуирано обезбедува и средства за материјални трошоци за работата на
институцијата во износ од 100.000,оо мкд, средства за електрична енергија во висина од 900.000,оо мкд и
80.000,оо мкд за други комунални услуги.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print

Последни новости