ПОСТОИ ЕДНО МЕСТО КАДЕ Е ДОВОЛНО ДА ЈА ИСПРУЖИШ РАКАТА ЗА ДА ГИ ДОФАТИШ ЅВЕЗДИТЕ И СИТЕ
ВИСИНИ НА СВЕТОТ.
ПОСТОИ ЕДНО МЕСТО КОЕ СЕУШТЕ ГО ЧУВА НАГОВИОТ МИСРИС, НАСМЕВКА, ГЛАС, ДУША, ЕНЕРГИЈА.
ПОСТОИ ЕДНО МЕСТО КАДЕ ПРОДОЛЖУВА СРЕДБАТА СО СИТЕ ОНИЕ КОИ ГО САКААТ, ПОЧИТУВААТ,
МОМЧЕТО СО АНГЕЛСКИ ГЛАС, НАЈУБАВАТА НАСМЕВКА И НАЈСПОКОЈНИОТ ПОГЛЕД.
ПОСТОИ ЕДНОМЕСТО… КОЕ ГО ЧУВА СПОМЕНИОТ НА НАШИОТ ТОШЕ ПРОЕСКИ ВО РОДНОТО КРУШЕВО –
ТОА МЕСТО Е СПОМЕН КУЌАТА НА ТОДОР ПРОЕСКИ.
СПОМЕН КУЌАТА ЗАПОЧНА ДА СЕ ГРАДИ 25 ЈАНУАРИ 2009 .. НА РОДЕНДЕНОТ НА ТОШЕ
ДВЕ ГОДИНИ ПОДОЦА НА 25 АПРИЛ 2011 БЕШЕ КОМПЛЕТНО ЗАВРШЕН ОВОЈ ГОЛЕМ ПОТФАТ И
ОТВОРЕНА БЕШЕ ЗА ЈАВНОСТА СПОМЕН КУЌАТА НА ТОДОР ПРОЕСКИ .
КАКО НАЦИОНАЛНА УСТАНОВА СО ПРЕТЕЖНА МУЗЕЈСКА ДЕЈНОСТ, СПОМЕН КУЌАТА ВО СВОЈТА
МУЗЕЈСКА ПОСТАВКА ИМА НАД 650 ЛИЧНИ ПРЕДМЕТИ ОД СЕКОЈДНЕВНИОТ ЖИВОТ НА ТОШЕ, НЕГОВИ
НАГРАДИ, ПРИЗНАНИЈА, ПРЕДСТАВЕНИ ВО ПОВЕЌЕ ИЗЛОЖБЕНИ ЦЕЛИНИ
ЖИВОТЕН ПАТ МУЗИЧКА КАРИЕРА ТОШЕ КАКО ХУМАНИСТ И ВЕРНИК
ТОШЕ И ФАНОВИТЕ ТОШЕ ЗАСЕКОГАШ ДВЕТЕ НЕГОВИ ВОСОЧНИ ФИГУРИ
ДНЕВНАТА СОБА – ОРИГИНАЛНА ПОСТАВКА МУЗИЧКО СТУДИО ЅВЕЗДЕНО НЕБО
И МНОГУБРОЈНИ НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА
СПОМЕН КУЌАТА СЕ СОСТОИ ОД ДВЕ НИВОА, ПОВРЗАНИ СО ПРИСТАПНА РАМПА, ШТО ГО ПРАВИ
НЕИСКЛУЧИТЕЛЕН И ЦЕЛОСНО ДОСТАПЕН ПРОСТОР ЗА СИТЕ, ВКЛУЧИТЕЛНО И ЛИЦАТА СО
ПОТЕШКОТИИ, ЗА КОИ ТОШЕ БЕШЕ И ДРУГАР И ПРИЈАТЕЛ , НО НАЈПОВЕЌЕ ЧОВЕК И ИКОНА ВО КОЈА
ВЕРУВАА И КОЈ ГО ПОЧИТУВАА. А ТАА ПОЧИТ БЕШЕ ДВОСТАНА, ИСКРЕНА И ТРАЕ СЕ ДО ДЕНЕС. И ЌЕ ТРАЕ
ДОДЕКА СЕ СЛУШААТ НЕГОВИТЕ ПЕСНИ И НЕГОВИТЕ РЕФРЕНИ НА ЉУБЕНА, ТАЈНО МОЈА, ВО КОСИ ДА ТИ
СПИЈАМ, ЗАЈДИ ЗАЈДИ, ЈАНО МОРИ, ИГРИ БЕЗ ГРАНИЦИ…
ЗА ВИСОКИ ДОСТИГНУВАЊА НА ПРОФЕСИОНАЛЕН ПЛАН ЗА МУЗИЧКАТА КАРИЕРА И АФИРМАЦИЈА НА
РЕПУБЛИКА МАКЕОДНИЈА, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ Д-Р ЃОЕ ИВАНОВ ДОДЕЛИ ОРДЕН ЗА ЗАСЛУГИ ЗА
МАКЕОДНИЈА ПОСМРТНО. ОРДЕНОТ СЕ НАОЃА НА ПОЧЕСНО МЕСТО НА ВТОРОТО НИВО ВО СПОМЕН
КУЌАТА , КАДЕ СЕ НАОЃА И НАГРАДТА 8МИ СЕПТЕМВРИ ДОДЕЛЕНА ОД СОВЕТОТ НА ОПШТИНА КРУШЕВО
ЗА ПОСЕБНИ ЗАСЛУГИ ЗА АФИРМАЦИЈА НА РОДНОТО КРУШЕВО НАСЕКАДЕ НИЗ СВТОТ КАДЕ ТОШЕ
ПАТУВАШЕ И НАСТАШУВАШЕ.
СПОМЕ КУЌАТА СО СВОЈАТА АФТЕНТИЧНА ГРАДБА И НАМЕНА ПОСВЕТЕНА НА ЕДНА ГОЛЕМА СОВРЕМЕНЕ
МУЗИЧКА И ЧОВЕЧКА ЛЕГЕНДА, Е ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈДОБРО АРХИТЕКТОНСКО ДЕЛО ЗА 2011 ГОДИНА
НА МЕЃУНАРОДНИОТ ФЕСТИВАЛ ЗА АРХИТЕКТУРАКОЈ СЕ ОДРЖА ВО БАРСЕЛОНА, ВО КОНКУРЕНЦИЈА ОД
1000 ПРОЕКТИ.
АКО ТОШЕ НИ ПОДАРИ ПЕСНА, ЉУБОВ, ЧЕСНОТ И ЧОВЕЧНОСТ, НИЕ НА 25 АПРИЛ 2011 МУ ГО
ППОДАРИВМЕ НАШЕТО ВЕЧНО СЕЌАВАЊЕ – МЕМОРИЈАЛНИОТ КОМПЛЕКС – СПОМЕН КУЌА НА ТОДОР
ПРОЕСКИ.
СПОМЕ КУЌАТА НА ТОШЕ ПРОЕСКИ СЕКОЈ ДЕН ОВИЕ 12 ГОДИНИ И НАТАМУ ЌЕ ЗБОРУВА ЗА НЕГОВАТА
ЖИВОТНА И ТВОРЕЧКА ПРИКАЗНА, ЗА НЕГОВАТА МУЗИКА , НЕГОВАТА ХУМНАНОСРТ , НЕГОВАТ АВЕРА ВО
БОГА И ВО ЛУЃЕТО. НЕГОВОТО МОТО ВЕ САКАМ СИТЕ Е НАШЕТО МОТО.
А НЕГОВАТА ЉУБОВ ЗА РОДНОТО КРУШЕВО САМИОТ ТОЈ ЈА ИСПИША ВО НАЈУБАВАТА НЕГОВА ПЕСНА СО
НАСЛОВ КРУШЕВО КОЈА НА ОТВОРАЊЕТО НА СПОМЕН КУЌАТА ЈА ИЗВЕДЕ ПОЗНАТИОТ РАДЕ ШЕРБЕЏИЈА
ВО МУЗИЧКА ПРИДРУЖБА НА МАЕСТРАТЛНИОТ ВЛАТКО СТЕФАНОСКИ.
КРУШЕВО
ПОЛОВИНА СВЕТ ЈАС ПРОЈДОВ
ПЕЕВ И ПРЕКРАСНИ ЛУЖЕ СРЦЕ ВИДЕ
НО ПОСЛЕДЕН КОНЦЕРТ СЕПАК
ВО КРУШЕВО НАКА БИДЕ
ШТОМ ЌЕ ЗАПРЕ ВЕТЕР СТУДЕН
ОД ВИСИНИ СНЕГ ШТОМ СТИГНЕ
МОЈ АНГЕЛУ ШТО МЕ СЛЕДИШ
ВО КРУШЕВО ДА МЕ ДИГНЕШ
ДА ГО ПОЧУВСТВУВАМ УШТЕ ЕДНАШ
ВКУСОТ НА ОНИЕ ДЕНОВИ МИНАТИ
РАДОСТА НА МОИТЕ ПРИЈАТЕЛИ
ЈОРГОВАНИТЕ ОД НЕЈЗИНИ КОСИ СКИНАТИ
ГОРЕ КАЈ ШТО ИМА РОЈ ОД ЅВЕЗДИ
КАЈ ШТО СПИЈАТ ЛУЃЕ ДРАГИ
МАЈКА МИ ТАТКО МИ…
ДА ГИ ВИДАТ СИТЕ МОИ ПЕСНИ КАКО ТРАГИ.
ТАМУ ЕДНАШ ЌЕ ВЕ СРЕТНАМ
ВО ТИШИНАТА НА ВЕЧНИОТ МИР
КАЈ ШТО МЕ ДОПРЕ БОЖЈАТА РАКА
ОД НЕБОТО НАД МОЈОТ САКАН МАНАСТИР