6 години НУ„Спомен куќа на Тодор Проески

Почитувани

Горди сме што денес 25.04.2017год. славиме 6 успешни години од отварањето на НУ „Спомен куќа на Тодор Проески“ Крушево. Пред скоро 9 години во 2008 год. Министерството за Култура распиша меѓународен конкурс за идејно решение за спомен куќа на Тоше. Идејното решение на архитектите Дејан Секуловски, Дејан Спасеновски во соработка со Илија Божиновски беше прво наградено во 2011год. на меѓународниот фестивал за архитектура во Барселона.

Денес, после 6 год. сме успешна и горда приказна која трае и трае. Со повеќе од 400 000 посетители и 30% од нив странски се вбројува во Национални Установи во Р. Македонија достојни за посета и побуда на воздишки. Тука во спомен куќата се чуствува духот на Тоше, на Големиот Тодор Проески.

Спомен куќата претставува материјализација на целиот животен пат на Тодор и низ своите содржини обезбедува хронолошки приказ на неговиот живот.

Идејата на самиот проект е да се прикаже едноставно, чиста и монументална композиција. Монументален, масивен, модерен, современ споменик кој гордо се издигнува во гордото Крушево.

Во целокупните проектни содржини на ентериорот има многу симболика и здскриени елементи поврзани со животот и кариерата на Тоше, преку кој се доловува и дообјаснува големината на овој човек.

  • Бетонски ѕидови – паноа, изразуваат цврстина истрајност на делата на Тоше и неговите хуманитарни подвизи, истовремено служат и како изложбени паноа на кои е поставен рељеф на портретот на Тоше и неговото лого
  • Крстот како симбол на верата во добрите дела, вербата во луѓето и подадената рака.
  • Водата – смиреност и спокој кој Тоше го поседуваше и носеше во себе
  • Стаклото – како симбол на светлина, ранливост и кршливост, но сепак јасно и достојно гордо се издигнува за да ја покаже внатрешната убавина.

 

Спомен куќата е место кое љубопитно и помалку себично го чува духот и енергијата на Тодор Проески. Тука, вработените и целиот тим, сме во функција за зачувување и продолжување на ликот и делото на великанот од Крушево. Тука сме да ја раскажеме неговата приказна, неговите успеси, подвизи, неговата несебичност, хуманост и посветеност. Тука сме да ја задржиме светлината и да ја пренесеме на идните генерации.

 

Преку низа на проекти поддржани од Министерството за Култура на Р. Македонија, изложби, културни манифестации, соработка со други национални установи, локална самоуправа, музичко – едукативни настани и работилници, спомен куќата ја реализира идејата, својата намена и мисија. Сите настани водат кон промоција на национална установа и успешно работејќи е уште еден во низата на успешни проекти на Министерството за Култура кое води несебична грижа и посветеност на оваа установа преку поддршка и развој на меѓусебната соработка.

 

Нека ни е честит шестиот риденден и уште многу успешни години на работа и посветеност.

 

 

Со почит,

Директор Елена Мирчевска

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print

Последни новости