Tретата по ред музичка работилница со Дамјан Пејчиноски

Со особена чест и задоволство, Ве известуваме дека третата по ред музичка работилница, која се одржа од 20 до 22 јуни, во спомен домот на Тоше Проески во Крушево, ја реализиравме успешно.
Оваа година работилницата ја водеше познатиот македонски виртуоз на гитара Дамјан Пејчиноски и на неа зедоа учество девојки и момчиња од цела Македонија. Во трите работни дена , тие ги изучуваа техниките и совлдуваа песни низ нотни записи од различни музички жанрови.
Учесниците на работилницата едукативните сесии, ги завршија со заеднички концерт пред крушевската публика.
Концертот се одржа во амфитеатарот, што е во склоп на спомен куќата на Тоше, под отворено небо, и на него присуствуваа неколку стотини крушевчани, кои со громогласни аплаузи ги поздравуваа изведбите на учесниците.
Наскоро ке биде објавен еден музички спот со некоја од изведените песни од концертот.
Со ова трето издание на оваа музичка работилница се надеваме дека придонесовме да стане препознатлив бренд и дека Крушево и спомен домот на Тоше веќе прераснаа во регионален музички едукативен центар што е крајната цел и првична замисла за оваа работилница која е во организација на продуцентската куќа Трето уво, а со поддршка на Министерството за култура на Р. Македонија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print

Последни новости