Заврши 17тиот ултра-маратон за Тоше

заврши 17тиот ултрамаратон за Тоше, кој и оваа гидина ги собра на едно место, на Гумења, фановите на Тоше од Балканот, граѓаните од Крушево и Македонија, кои со рози во рацете ги пречекаа маратонците кои ја трчаат последната рута на Тоше, од Нова Градишка до Крушево. Голема благодарност до сите кои 17 години го одржуваат споменот на Тоше жив. Со доделување на благодарници и дигитални магнети со симболите на Тоше, директорот на спомен куќата, Лефкија Гажоска, им се заблагодари на сите маратонци, на градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски за континуираната поддршка во програмските активности на Спомен куќата,на Претседателот на Совет на општина Крушево, и братучед на Тоше, Андреј Николоски, на Огнен и Соња Неделкоски, кои секој 16ти оддаваат почит на Тоше. Исто така соодветна благодарност изразуваме и кон кумата на Тоше, Мирјана Проеска, кон еден од идејните творци на настанот Рози за Тоше, професор Зорица Кузманоска, како и кон претставниците на хрватските фанови, и наши пријатели Стела и Бруна. Секако најголема благодарност до Наум Капрически, пријател на Тоше и лидер на тимот на маратонците, кој неуморно 17 години по ред е на чело на цела организација на овој Маратон.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print

Последни новости