Во рамки на проектот “Конзервација на музејски предмети од спомен куќата на Тоше Проески” поддржан од Министерството за култура и туризам за РСМ за 2024 година, извршена е превентивна дијагностика и основен сервис на Тошевиот мотор HONDA Bleck widow 750. Овој мотор е дел од основната музејска поставка во Спомен куќата и представува експонат кој предизвикува најголем интерес кај сите посетители. Екипата на Ауто трејд ДООЕЛ Скопје, со посебно внимание и емоции ги изврши потребните зафати, со цел превенција на овој музејски предмет, кој и Тоше како млад човек со многу љубов го чуваше и користеше.
Конзервација на музејски предмети од спомен куќата на Тоше Проески
Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print