Посета на министерката за Култура

Министерката за култура г- ѓа Бисера Костадиновска – Стојчевска во посета на НУ Спомен куќа на Тодор Проески доби информација за годишната програма со која во 2022 ќе бидат одбележани најзначајните дати од Тошевата кратка, но исклучително плодна музичка кариера. Годинава се навршуваат 30 години од неговиот прв настап на Златно славејче со песничката испеана на влашки јазик ” Мојот дедо”, 15 години од исклучително плодната 2007 година со рекорден број на настани, концерти и промоција на култниот “Игри без граници”. Чест ни беше што во спомен куќата на Тоше за прв пат стапна и синот на Аки Рахимовски, Кристијан, кој со будна емоција зборуваше за моментите поминати со Тоше при неговите посети во Загреб.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print

Последни новости