ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ 15 ГОДИНИ ОД ОТВАРАЊЕ

КРУШЕВО – Со посебна свеченост и музички настан кој ја слави уметноста, НУ Спомен -куќа „Тодор Проески“ во Крушево ќе одбележи значаен јубилеј – 15 години од своето официјално отворање. Настанот ќе се одржи на 25 април (сабота), со почеток во 12:00 часот.

Овој јубилеј претставува деценија и пол посветена работа во зачувување на споменот, ликот и делото на најголемата македонска музичка ѕвезда. Спомен-куќата, која со години е најпосетуваниот музејски објект во регионот, овој пат ќе биде домаќин на младите музички таленти кои чекорат по патот на хуманоста и музиката.

Богата музичка програма
Централниот дел од прославата ќе биде свечениот концерт на кој ќе настапат учениците од ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ од Скопје кои ќе изведат дела со кои ќе му оддадат достојна почит на својот идол.

Како специјални гости на концертот, со свои изведби ќе се претстават:

Мартина Трпчевска
Наум Бумбароски

15 години чувар на споменот
Од своето отворање во 2011 година до денес, Спомен-куќата на Тодор Проески стана симбол на Крушево и место каде илјадници фанови од целиот свет секојдневно доаѓаат да ја почувствуваат енергијата и да го видат богатото наследство што Тодор го остави зад себе.

Овој настан е отворен за сите почитувачи на делото на Тодор, граѓани и туристи кои во тој период ќе го посетат Крушево.

Организатор: НУ Спомен-куќа „Тодор Проески“ – Крушево.

Локација: Гумење, Крушево

Датум и време: 25.04.2026 година во 12:00 часот

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print

Последни новости