ПРОЕКТИ КОИ НУ„СПОМЕН КУЌА НА ТОДОР ПРОЕСКИ“ ЌЕ ГИ РЕАЛИЗИРА ОВАА ГОДИНА ФИНАНСИРАНИ ОД МИНИСТЕРСТВО ЗА КУЛТУРА НА РМ

ПРОЕКТИ КОИ НУ„СПОМЕН КУЌА НА ТОДОР ПРОЕСКИ“ ЌЕ ГИ РЕАЛИЗИРА ОВАА ГОДИНА ФИНАНСИРАНИ ОД МИНИСТЕРСТВО ЗА КУЛТУРА НА РМ

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Share on email
Share on print
1.ИНФО ПРЕВОДИ

Проектот ќе претставува текстуална презентација на ликот и делото на Тодор Проески на англиски,германски и српски јазик преку текстот содржан во инфо пултовите поставени во внатрешноста на музејот. Со инфо преводите (текстот во инфо пултовите од македонски јазик ќе биде преведен на англиски,германски и српски јазик), секој посетител ќе добие можност освен јавна презентација на изложените поставки, да дознае повеќе за музејот, биографијата за Тоше,неговата музичка кариера,снимени спотови ,одржани концерти,освоени награди ,на јазикот кој го разбира.
Период на реализација –мај, јуни-2015 год.

 

2.ИЗЛОЖБА НА УМЕТНИЧКИ СЛИКИ СО ЛИКОТ НА ТОШЕ

Целта на реализацијата на овој проект е да се одбележи 16-ти октомври 2015год. ден кога се навршуваат осум години од прераното заминување на нашата поп икона Тоше. Проектот – изложба на уметнички слики со ликот на Тоше ќе содржи уметнички дела изработени во пастел техника на кои ќе биде насликан ликот на Тоше од најраното детство, школските денови, неговите почетоци во музиката се до врвот на неговата кариера, заокружен со неговиот последен концерт. Со одбележувањето на овој ден во музејот, неговиот втор дом, би се одала почит на еден голем човек кој со својата скромност,харизма и хуманост ги освои срцата на илјадници луѓе ширум светот.
Период на реализација –октомври-2015 год.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on email
Email
Share on print
Print

Последни новости