П.С. Гитар Фест Крушево

Традиционално 15ти пат по ред во Спомен куќата на Тодор Проески се одржа , реномираниот меѓународен фестивал на класична гитара „ Гитар фест Крушево“. Овој фестивал чиј идеен творец е Христо Христоски Мулар – учителот на гитара на Тоше, на едно место собира реномирани изведувачи на класична гитара и млади вљубеници во овој инструмент. Гитарата впрочем беше и омилениот инструмент на Тоше. Во три дневната програма настапија Дарко Багески и дуо Балкан, Дејан Лазаревски Горан Тонев со женскиот хор „Менада“ и учесниците на летната школа за гитара под менторство на Васко Пиличев

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print

Последни новости