Продажна изложба „Срце није камен“

Во пресрет на 43от роденден на Нашиот Ангел, во Спомен куќа на Тодор Проески, ќе се реализира хуманитарна продажна изложба на уметнички слики, нацртани на камена плоча со акрилни бои, ликот на Тоше под мотото „Срце није камен“.

Уметничките слики изработени се од вредните раце на Светлана Зуламоска Грозданоска, уметник, стилист која веќе подолго време е позната по своите творби пред македонската и пошироката јавност, како гостин во емисии за светски таленти, на Руска и други светски телевизии и портали по социјалните мрежи.

До пред извесен период Светлана беше позната по изработката на портрети на познати јавни личности од коса, меѓу кои посебно беше изведбата на портретот на Тоше.

Моментално нејзината креативност и умешност е на повисока инстанца, ликот на Тоше со акрилни бои на камена плоча, од кои 12 нејзини дела се изложени во Спомен куќата и посетителите може да ги видат. Изложбата е од продажен карактер, со продажни цени и со правила за наддавање на истите кои дополнително ќе бидат објавени.

Сите собрани парични средства Светлана, хуманитарно ќе ги донира, за медицински третман и лекување на болно дете. Со согласност на родителите, дел од паричните средства ќе бидат донирани за лекување на малиот Војдан Спасовски.

 

почетна цена 2 500ден.

почетна цена 9 000ден.

почетна цена 3 000ден.

почетна цена 12 000ден.

почетна цена 13 000ден.

почетна цена 9 000ден.

почетна цена 4 000ден.

почетна цена 13 000ден.

почетна цена 8 000ден.

почетна цена 10 000ден.

почетна цена 8 000ден.

почетна цена 7 000ден.

НАДАВАЊЕТО ЌЕ СЕ ОДВИВА НА СЛЕДНИОТ НАЧИН

ПРАЌАТЕ ПОРАКА СО БРОЈ И НАСЛОВ НА ЛИКОВНО ДЕЛО И ЦЕНА КОЈА Е ЗА  МИНИМУМ 200 МКД ПОВИСОКА ОД ПОЧЕТНАТА ЦЕНА. ЌЕ ИМА ДВА КРУГА НА НАДДАВАЊЕ ОД 5.01. 2024 ДО 15.01. 2024 И ОД 16.01. 2024 ДО 24.01.2024 . НА 15.01 И НА 24.01. 2024 ГОДИНА ЌЕ БИДАТ ОБЈАВЕНИ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ПРВОТО И КОНЕЧНОТО НАДДАВАЊЕ, А НА 25.01. 2024 Г ЌЕ БИДАТ  ОБЈАВЕНИ КУПУВАЧИТЕ, СО ШТО ЌЕ МОЖАТ ВО РОК ОД ЕДНА НЕДЕЛА ДА СИ ГИ ПОДИГНАТ СВОИТЕ ДЕЛА И ДА ИЗВРШАТ УПЛАТА НА ПОСЕБНА НАМЕНСКА СМЕТКА. НА 25.01.2024 НА КУПУВАЧИТЕ ЌЕ ИМ БИДАТ ДОДЕЛЕНИ СООДВЕТНИ СТАТУЕТКИ СО ИМЕТО НА НАСТАНОТ „СРЦЕ НИЈЕ КАМЕН“. СОБРАНАТА ХУМАНИТАРНА ПОМОШ ЌЕ БИДЕ ЛИЧНО ВРАЧЕНА НА КОРИСНИКОТ ВО ПРИСУСТВО НА УМЕТНИЧКАТА СВЕТЛАНА И ПРЕТСТАВНИК НА СПОМЕН КУЌАТА НА ТОШЕ, А НАСТАНОТ ЌЕ БИДЕ  ПРЕНЕСУВАН СО СНИМКА НА FACEBOOК СТРАНАТА НА СПООМЕН КУЌАТА.

ДА ПОКАЖЕМЕ ДЕКА НАШИТЕ СРЦА НЕ СЕ ОД КАМЕН, ДЕКА ЗНАЕМЕ ВО ДУХОТ НА ВРЕДНОСТИТЕ КОИ ГИ НЕГУВАШЕ ТОШЕ ДА ДАРУВАМЕ МОЖЕБИ МАЛКУ ЗА НАС, НО  МНОГУ ЗА НАШИТЕ СОГРАЃАНИ.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print

Последни новости