Министерството за култура на Република Северна Македонија за 2024 година, ја поддржа реализацијата на два проекти од годишната програма на Националната установа „Спомен куќа на Тодор Проески“ и тоа
1. Конзервација на музејски предмети од музејските збирки во Спомен куќата на Тоше Проески – 100.000,оо мкд., од областа на музејска дејност и заштита на нематеријално културно наследство и
2. „Тоше во срцето на Хрватска“ – 100.000,оо мкд., од областа на меѓународната дејност, проект кој ќе се реализира во КИЦ Загреб во септември 2024 година.
Секако со сопствени средства на установата, планирани се одбележувања на други значајни датуми од богатата музичка кариера и живот на Тоше. И оваа година продолжуваме со Караванот „Тоше – За овој свет“ со кој посетуваме основни училишта во нашата држава и ја одбележуваме 20 годишнината од назначувањето на Тоше за амбасадор на УНИЦЕФ во 2004 година. Првата посета веќе ја реализиравме во основното музичко школо „Методија Патче“ во Охрид.
Проекти за реализација од годишната програма на НУ „Спомен куќа на Тодор Проески“
Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print