13 години од отворањето на Спомен куќата на Тодор Проески

ПОСТОИ ЕДНО МЕСТО КАДЕ Е ДОВОЛНО ДА ЈА ИСПРУЖИШ РАКАТА ЗА ДА ГИ ДОФАТИШ ЅВЕЗДИТЕ И СИТЕ ВИСИНИ НА СВЕТОТ.

ПОСТОИ ЕДНО МЕСТО КОЕ СЕУШТЕ ГО ЧУВА НАГОВИОТ МИРИС, НАСМЕВКА, ГЛАС, ДУША, ЕНЕРГИЈА.

ПОСТОИ ЕДНО МЕСТО КАДЕ ПРОДОЛЖУВА СРЕДБАТА СО СИТЕ ОНИЕ КОИ ГО САКААТ, ПОЧИТУВААТ, МОМЧЕТО СО АНГЕЛСКИ ГЛАС, НАЈУБАВАТА НАСМЕВКА И НАЈСПОКОЈНИОТ ПОГЛЕД.

ПОСТОИ ЕДНОМЕСТО… КОЕ ГО ЧУВА СПОМЕНОТ НА НАШИОТ ТОШЕ ПРОЕСКИ ВО РОДНОТО КРУШЕВО – ТОА МЕСТО Е СПОМЕН КУЌАТА НА ТОДОР ПРОЕСКИ.

На 25 април оваа година, одбележавме 13 години од отворањето и континуираната работа на Спомен куќата. Скромно, но со многу емоции присутните, ја проследија музичката програма што во негова чест ја изведоа неговите пријатели и колеги, Дејан Стоев и Кристијан Антовски, членови на „Трио Џентлмен“

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print

Последни новости