5.10. Концерт Крушево

На 5.Октомври на градскиот плоштад во Крушево, по трет пат се одржа концерт во чест на големиот спектакуларен концерт на Градски стадион во Скопје, кој Тоше го имаше за жал за последен пат пред околу 40 000 публика, далечната 2007год
Тоше беше еден и единствен кој со голема емоција и енергија ги донесе неговите најпознати хитови пред публиката, а дел од нив наши македонски и балкански пејачи ги претставија пред публиката која присуствуваше на градскиот плоштад во Крушево. Голема благодарност до нашиот „Инвиктус“ бенд кој ги придружуваше пејачите во секоја песна, до „Некст тајм“ Мартинијан Кириловски, Јасмин Алиевски, Ламбе Алабакоски, Ребека Јанкоска, Кирана Иваноска, Антонија Гигоска, Славица Ангелова, Тамара Сојкоска, гостите од Србија Анџела Нинковиќ и Немања Радошевич, кои приредија една прекрасна вечер. Благодарност до општина Крушево за соработката и поддршката на Хотел „Панорама Спа“ и “Монтана“, Конак Хил Апартментс и Он Топ Апартментс.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print

Последни новости