Промовирана нова песна на Тоше Проески

На ден 26.01.2016 беше промовирана нова песна на Тоше Проески на англиски јазик “If you wanna leave me”.

Во Спомен – куќата на Тоше Проески во Крушево во пресрет на 25 јануари, роденденот на Тоше Проески, во кругот на неговите фанови, роднини и пријатели беше промовирана латино верзијата на песната „If you wanna leave me“ заедно со видео запис за истата.

Во организација на Фондацијата „Тодор Проески“ настапи и хорот при ОУ „Никола Карев“, покрај нив настапи Нина Јанева и Давид Темелков, кои изведуваа песни од нашиот ангел Тоше Проески.

Исто така, во спомен на роденденот на Тоше, традиционално се организираше и крводарителска акција.

Песната „If you wanna leave me“, која е снимена и како балада и во латино верзија, е најава за постхумен албум со необјавени песни од Тоше.

Погледнете ја новата песна и новиот спот!

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print

Последни новости