11 години одбележување

 

Снежана Лазарова Луна е родена во Велес 1957г. и е самоук, слободоумен уметник, наивец. Како дипломиран технолог, со истражување и усовршување на технологијата, ја создава оригиналната мозаична техника Луна, каде со помош на семиња во природни бои, создава уметнички дела. Творештвото на Снежана Лазарова Луна е мозаик од природни семиња, во природни бои, од бел ориз, црно семе синапово, а во поново време надоградено со сончево просо и црвено киноа семе, што го симболизираат сонцето и љубовта.Нејзиното трворештво е познато под името По делата ќе ме препознаеш. До сега, Снежана три пати земала учество во меѓународни ликовни колонии и има  поставено 12 самостојни изложби ширум Републиката. Од тоа три во Велес, во Струмица, Кочани, Виница, Валандово, Македонска Каменица, Градско, Демир Хисар и Скопје.

Горан Папаз е роден во Охрид 1987, каде ја започнува музичката кариера, и уште од најмала 

возраст постигнува врвни резултати. Во неговата кариера до сега настапувал во: Македонија, Кина, Велика Британија, Германија, Италија, Австрија, Словенија, Романија, Чешка, Србија, Хрватска, Бугарија, Косово, Албанија и др. Со неговата виртуозност и мелодичен звук, македонскиот саксофонист Папаз ја имал привилегијата да свири пред папата Франциско при неговата посета во Скопје во 2017 година. Настапувал со реномирани музичари и Оркестри како: Македонската филхармонија, Македонската опера и балет, Градски дувачки оркестар – Скопје, CEEC Jazz Big Band – Кина и тн. Како солист и како дел од проект, Папаз настапувал на многу музички фестиваликако: Таксират, In Music, Belgrade Calling, Prague City Festival, Пиволенд Скопје и тн.  Дискографија: Reason To Live (album) Elegy (album) Кога љубов имам (album)

 

   

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print

Последни новости